За осум часа казнети 116 мотоциклисти во Скопје

Макфакс

26/05/2026

08:40

256

Големина на фонт

а а а

Во Скопје во осум часовна акциска контрола, 116 мотоциклисти беа казнети за различни прекршоци, при што беа одземени три мотоцикли заради сторени кривични дела. Контролите ќе продолжат со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

За осум часа во Скопје се казнети 116 мотоциклисти и одземени се три мотоцикли.

Вчера, во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли.

Од МВР известија дека се казнети 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци.

„Одземени се три мотоцикли поради сторено кривично дело по член 297а од КЗ ‘безобѕирно управување моторно возило’“, велат од МВР.

Од таму додаваат дека акциските контроли продолжуваат и наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да продонесеме за побезбеден сообраќај.