Маж испрскал минувачи со непозната супстанца, едно лице завршило во болница во Токио

Макфакс

25/05/2026

11:40

133

Големина на фонт

а а а

Во деловниот кварт Гинза во Токио, маж испрскал непозната супстанца што предизвика нарушување кај минувачи, при што едно лице е примен во болница. Полицијата го пребарува осомничениот кој ја напуштил местноста по инцидентот.

Едно лице е однесено во болница, а околу 20 лица пријавиле дека се чувствуваат лошо откако еден маж наводно испрскал непозната супстанца во близина на комерцијална зграда во деловниот кварт Гинза во Токио, соопшти полицијата.

Итен повик за „остра миризба“ во трговскиот комплекс „Гинза Сикс“ е упатен околу пладне по локално време.

Според извештаите, се чини дека мажот веќе го напуштил местото на настанот, а полицијата го бара.

Инцидентот се случил недалеку од станицата на метрото во Токио.