Германските здравствени власти предупредуваат на нови случаи на борнавирус, ретка но многу опасна инфекција која може да предизвика тешко воспаление на мозокот кај луѓето.
Последниот случај е регистриран во покраината Мекленбург-Западна Померанија, додека претходно инфекции биле потврдени и во Баварија. Иако вирусот е редок, лекарите предупредуваат дека во голем број случаи завршува со сериозни последици или смрт.
Борнавирусот најчесто се пренесува преку контакт со полски итрици, односно преку нивна урина, измет или плунка. Засега нема докази дека вирусот се пренесува од човек на човек.

Кај заразените може да се појават симптоми како главоболка, покачена температура, проблеми со говорот, движењето и однесувањето, а во најтешките случаи и кома.
Германските власти препорачуваат дополнителна внимателност при чистење подруми, шупи и места каде има глодари, како и користење заштитни ракавици и маски.

Според здравствените институции во Германија, секоја година се регистрираат мал број случаи, но болеста останува една од најопасните вирусни инфекции поврзани со воспаление на мозокот.







