Земјотрес со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала попладнево е почувствуван во Скопје и во околните населени места.
Според првичните податоци од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), потресот се случил точно во 17:41 часот по локално време.
Во моментот на првата објава магнитудата сè уште не била утврдена, по што подоцна беше објавено дека земјотресот бил со јачина од 3.5 степени според Рихтеровата скала. Граѓани од Скопје, Куманово и околните места на социјалните мрежи наведуваат дека почувствувале кратко, но силно тресење.

Епицентарот на земјотресот бил лоциран во Скопската Котлина, поточно на 21 километар источно од Скопје и на околу 15 километри источно од Кисела Вода.
Сеизмолошките апарати регистрираа дека овој природен феномен бил на релативно мала длабочина, со хипоцентар проценет на 5 километри под површината на земјата.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M3.5 occurred 22 km E of #Skopje (Republic of North Macedonia) 4 min ago (local time 17:41:43). More info at:
— EMSC (@LastQuake) May 23, 2026
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/47YE08Vcru
🖥https://t.co/8PrKQuN1a9 pic.twitter.com/pefuaL6UPP







