Облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер

Макфакс

23/05/2026

08:10

233

Големина на фонт

а а а

Временската прогноза за денеска најавува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер, со можност за невреме и појава на град на повеќе места. Во Скопје ќе има слични услови со умерен пад на температурите, а нестабилноста ќе продолжи и во викендов.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 километри на час). На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени,

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно, во делови од котлината со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен правец.Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Според УХМР, за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 километри на час) и услови за појава на град. В понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, во вторник и во среда времето ќе биде претежно сончево и релативно топло. В четврток повторно се очекуваат врнежи.