САД ја објавија втората група доверливи документи и видеоснимки поврзани со наводни забележувања на неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи фотографии и аудиозаписи кои предизвикале големо внимание и шпекулации во јавноста.
Соединетите Американски Држави денеска ја објавија втората група досега доверливи документи за наводни забележувања на неидентификувани летечки објекти (НЛО), вклучувајќи фотографии, документи и долгоочекуваните 46 видеоснимки.
Документите содржат наводи на луѓе кои пријавувале необјасниви зелени кугли, дискови и огнени топки, пренесува „Скај њуз“. Првата група документи беше објавена претходно овој месец, на 8 мај.
ABD, UFO belgelerini Savaş Bakanlığı’nın sitesinden herkese açık şekilde paylaştı. ● Belgelerin paylaşılmasıyla Savaş Bakanlığı’nın sitesi çöktü.#ABD #ufo #Trump #SONDAKİKA pic.twitter.com/jmvQhMZs0x
— Yatırım Mühendisi (@finansuzmanin) May 22, 2026
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, изјави дека документите, фотографиите и видеоснимките од она што официјално се нарекува „неидентификувани необјасниви феномени“ со години поттикнувале шпекулации.
„Време е американскиот народ да го види тоа со свои очи“, наведе тој во соопштението.
До денес се објавени вкупно 222 документи, наведува „Скај њуз“.
Документите се појавија непосредно пред 8 часот по источно време, а меѓу нив се наоѓа и вознемирувачки аудиозапис на екипажот на мисијата Аполо 12, кој за време на престојот во вселената пријавил мистериозни објекти.
Објавениот материјал содржи извештаи за светлечки портокалови кугли кои наводно опколиле воен хеликоптер, мистериозни „огнени топки“ кои покренале потрага по честички во воздухот во Ново Мексико, како и разузнавачки документи кои опишуваат неидентификувани воздушни појави во близина на советски полигон за тестирање оружје.
#UFO #UAP flying in formation within the US CENTCOM area https://t.co/nJ5pM5gqcT pic.twitter.com/0Bdikl8kxg
— Rafael (@uncannysignals) May 22, 2026
Новата серија објавени документи вклучува и долгоочекувана колекција од 46 воени снимки на неидентификувани воздушни феномени (УАП), кои минатиот месец законодавците ги побараа од министерот за одбрана Пит Хегсет.
На видеоснимките можат да се видат НЛО објекти во форма на „Тик Так“ кои биле следени од американската Брегова стража, светлечки сфери кои со голема брзина поминуваат низ облаците над Авганистан, неидентификувани објекти кои изнурнуваат од океанот, како и повеќе брзоподвижни летала кои опкружуваат воени авиони над Персискиот Залив, Источното Кинеско Море и забранетиот воздушен простор на САД.
Here is a thread of all of the UAP / UFO videos released today by the Department of War. pic.twitter.com/4lGe9HLO15 — John Greenewald, Jr. (@theblackvault) May 22, 2026
Еден од најзвучните наводи се однесува на инцидент во кој борбен авион F-16 на американското воено воздухопловство наводно соборил неидентификуван објект над езерото Хјурон со ракета AIM-9X во февруари 2023 година, додека друг извештај опишува објекти налик на кугли кои се појавувале во близина на борбени авиони за време на операции на Блискиот Исток.
Останатите снимки прикажуваат необични формации на НЛО објекти над Иран, летала во форма на цигара, сферични објекти со „непредвидливо движење“, како и мистериозни објекти уочени во близина на подморници, кои потоа влегувале и излегувале од водата.


















