Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи

Макфакс

22/05/2026

14:40

336

Големина на фонт

а а а

Министерството за транспорт донесе одлука да ја поништи јавната набавка за електрични автобуси и полначи и најави повторно објавување во согласност со законските прописи.

Министерството за транспорт информира дека Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донела решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи.

Од министерството известуваат дека согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објават согласно законските прописи во најбрз можен рок.