[ВИДЕО] Роналдо со два гола ја запечати својата прва титула со Ал Наср

Дерби

22/05/2026

07:06

756

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо ја заврши работата започната од Садио Мане и Кингсли Коман и со два гола ја запечати победата за шампионска титула на Ал Наср.

Екипата од Ријад го победи тимот на Дамак со 4:1 и го задржа првото место на табелата, пред Ал Хилал кој на крајот мора да се задоволи со второто место поради двата бода заостанување зад Ал Наср.

Мане во првото и Коман во второто полувреме постигнаа по еден гол за солидна предност на домаќините, Дамак намали, но потоа следуваше серијата на Роналдо, кој со два гола ги постави конечните 4:1.

За Португалецот ова е прва титула во Саудиска Арабија и е освоена во неговата четврта сезона, додека за Ал Наср е вкупно десетта титула во националното првенство. Последниот трофеј Роналдо го освои во Копа Италија како член на Јувентус.