Северна Македонија е лидер во регионот со реформите, ЕК го потврди она што го кажавме, велат од „Вреди“

Макфакс

21/05/2026

18:40

131

Големина на фонт

а а а

Статијата ги истакнува успехот на Северна Македонија во спроведувањето на реформите и позитивната оценка од Европската комисија која ја потврдува лидерската позиција на земјата во регионот во однос на европската интеграција и институционалните подобрувања.

Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати, оценуваат од „Вреди“.

Европската комисија, додават од оваа партија, го потврди она што постојано го истакнуваме- Северна Македонија е меѓу земјите со најдобри перформанси во регионот во реализацијата на реформите и европската агенда.

„Овој успех потврдува дека државата има капацитет да реализира вистински реформи, да ја зголеми институционалната ефикасност и да ги унапреди процесите што директно влијаат врз животот на граѓаните, и тоа почнувајќи од образованието и дигитализацијата, па сè до транспарентноста и економскиот развој“.

За „Вреди“, како што додаваат, европската интеграција не е само политичка цел, туку процес што треба да донесе конкретен развој, функционални институции и повеќе можности за граѓаните.

„Постигнатите резултати се поттик да се продолжи со истото темпо на европскиот пат, со фокус на реформите, одговорноста и градењето држава што им служи на граѓаните според европски стандарди“.