Соборен рекордот: На Монт Еверест за еден ден се искачиле 274 планинари

Точка

21/05/2026

16:06

300

Големина на фонт

а а а

Стотици планинари се искачиле на Монт Еверест за само еден ден, со што е поставен нов рекорд од 274 успешни качувања на овој врв, соопштија денес официјалните лица.

Тоа е најголем број алпинисти кои стигнале до врвот за еден ден преку популарната рута на јужната страна, која се наоѓа во Непал, а претседателот на непалското Здружение на оператори на експедиции, Риши Рам Бандари рекол дека планинарите во средата го искористиле ведрото време, пренесе АП.


На Монт Еверест планинарите можат да се искачат или од јужната страна во Непал, или од северната страна која се наоѓа во кинескиот Тибет.

Во мај 2019 година од непалска страна на врвот се искачиле 223 планинари, додека од кинеска страна до врвот стигнале 113 планинари. Меѓутоа кинеските власти оваа година ја затвориле рутата.


Порано оваа недела, ветеранот меѓу планинските водичи шерпасот Ками Рита се искачил на врвот по 32-ри пат, соборувајќи го сопствениот рекорд, додека неговиот најблизок конкурент, шерпасот Пасанг Дава, се искачил на врвот по 30-ти пат, а носителка на рекордот меѓу женските водичи е шерпасот Лакпа, која го „освоила“ Монт Еверест по 11-ти пат.

Овогодишната сезона на искачување на Монт Еверест започна доцна поради ризикот од огромен серак, што виси над клучната рута до врвот. Се очекува околу 494 алпинисти и нивните шерпаси да се обидат да го искачат врвот висок 8.850 метри до крајот на овој месец, кога завршува сезоната на искачување.


Илјадници луѓе се искачиле на врвот откако првпат го „освоиле“ Новозеланѓанецот Едмунд Хилари и шерпасот Тензинг Норгеј на 29 мај 1953 година, потсети АП.