Принцот Вилијамс се расплака поради историскиот успех на Астон Вила, капитенот му порача: Извади ја кредитната картичка

Дерби

21/05/2026

12:13

282

Големина на фонт

а а а

Астон Вила освои прв европски трофеј по пауза од 44 години, а еден од најсреќните и најемотивните на трибините во Истанбул беше Принцот Вилијамс.

Членот на кралското семејство е познат како голем фан на клубот од Бирмингем, па откако се најде во центарот на вниманието со низа реакции во ВИП ложата, стана доста интересен за јавноста и поради изјават на Џон МекГин.

Капитенот на Астон Вила не криеше дека е презадоволен од страста и емоциите кои ги споделува Принцот Вилијамс со играчите на Астон Вила, но по остварениот историски успех, го повика да го „одврзе ќесето“ и да ја извади кредитната картичка на маса.

– Се надевам дека Принцот Вилијам ќе плати за сите во барот. Тој е класа човек, беше во соблекувалната пред натпреварот и како огромен фан на Астон Вила ни даде поддршка. Знаевме дека нема да го пропушти овој меч.

– Голема е честа да имате кралска поддршка, но тој се однесува како нормален човек. Вечерва може да има неколку пијачки со нас и се надевам дека на крајот ќе ја извади кредитната картичка, – со насмевка на лицето изјави МекГин.