Анри испрати кратка порака за долго очекуваната титула во Премиер лигата: Моите деца конечно…

Дерби

21/05/2026

12:08

297

Големина на фонт

а а а

Тјери Анри им остави простор на играчите на Арсенал да се израдуваат на титулата во Премиер лигата, а откако малку спласнаа првичните импресии, популарниот Тити испрати порака преку социјалните мрежи.

Французинот веруваше дека ова е сезоната во која Арсенал може да ја мине „целната линија“ како првопласиран и во неколку наврати го повторуваше тоа во различни телевизиски студија, но сега конечно дочека да види нешто што последно го доживеа како играч.

Анри беше дел од златната генерација на Арсенал која последно ја освои Премиер лигата во 2004-та година, но 22 години подоцна, дочека да се израдува и како голем фудбалски фан на омилениот клуб.

– Од седиштата на „Хајбери“ до „Емирејтс“, конечно можеме да славиме. Специјална благодарност до оваа генерација – моите деца конечно видоа како освојуваме титула во Премиер лигата, – порача Анри.

И покрај големиот потфат, оваа сезона е далеку завршена за Арсенал, од едноставна причина што тимот на Микел Артета ќе се бори и за титулата во Лигата на шампиони во големото финале со ПСЖ.