Шампионот не дозволи втор брејк: Вилијамс се повреди, Оклахома израмни во финалето на Западот

Дерби

21/05/2026

11:21

171

Големина на фонт

а а а

Оклахома како актуелен шампион во НБА лигата одново важи за голем фаворит за шампионскиот прстен, не само поради играта во регуларниот дел, туку и поради ширината на ростерот и играчите со кои располага.

Тандерси ја прифатија ваквата улога од самиот старт, а откако загубија од Сан Антонио во првиот меч од финалето на Западот, беше јасно дека Спарси им фрлија ракавица.

Виктор Вембањама со монструозно издание донесе водство за Сан Антонио и брејк на гостински терен, но Оклахома рано утрово се опорави и успеа да израмни на 1:1.

Домаќините не се поколебаа и покрај лошата вест и повредата на Џејлен Вилијамс после седум минути игра, па со тимска игра и расположен Шеј Гилџес-Александер стигнаа до победа од 122:113.

МВП играчот овојпат не беше сопрен од одбраната на Сан Антонио и мечот го заврши со 30 поени и 9 асистенции, а доказ за тимската игра на Оклахома е и тоа што уште пет играчи имаа двоцифрен број на поени.

Кај Сан Антонио, Вембањама го заврши мечот со 21 поен и 17 скокови, а најефикасен беше Касл со 25 поени.

Сега серијата се сели во Тексас и два натпревари на домашен терен ќе одигра Сан Антонио.