Дина Јашари ја слави годишнината на „Растенија без корен“ со регионална турнеја

Точка

21/05/2026

10:22

114

Големина на фонт

а а а

Дина Јашари започнува регионална турнеја по повод годишнината од издавањето на својот деби-албум „Растенија без корен“, настапувајќи во неколку земји од поранешна Југославија, вклучувајќи Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска, со цел да го претстави својот уникатен музички стил и достигнувања.

Македонската кантавторка Дина Јашари тргнува на турнеја низ постјугословенскиот простор со деби-албумот „Растенија без корен“ — точно на неговата прва годишнина. Нејзините песни, автентичен звук и органски прецизниот бенд во мај и јуни 2026 пристигнуваат во Словенија, Црна Гора, Србија и Хрватска.

На 22 мај Дина настапува во Кино Шишка во Љубљана — еден од водечките центри за урбана култура во регионот, како дел од јубилејот на NightShifts Events Ljubljana, организација која работи на промоција и размена на македонско-словенечката култура Два дена подоцна, на 24 мај, е дел од програмата на SOWL Weekender во Подгорица, нов регионален фестивал за музика и природа во своето прво издание на кој ќе настапи и култниот ну-џез состав Kyoto Jazz Massive.



Централниот настап на турнејата е на 25 мај во Белград — точно една година откако „Растенија без корен“ беше објавен. На платото пред Музејот на Југославија, Дина го отвора 9. издание на манифестацијата „Leto u MuzeYU“, заедно со Љубичице (Србија) и Немечек (Хрватска) — тројца добитници на наградата „Милан Младеновиќ“, која Дина ја освои уште во 2022 со песната „Дома“. Влезот е слободен.


Во јуни турнејата продолжува на островот Крк (Хрватска), каде Дина е дел од изведувачите на SURF Festival — нов јадрански фестивал во своето прво издание, со интернационален програм и атмосфера далеку од масовните фестивали.

„Растенија без корен“ е деби-албум составен од девет песни, интимен и жанровски музички дневник на Дина Јашари. Снимен на различни локации во текот на три години, со различни соработници, албумот го одбележа регионалниот музички портал Rockomotiva со место во топ 5 регионални албуми за 2025 година. Уште пред тоа, Дина ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 со песната „Дома“ — регионалното признание во чест на легендарниот фронтмен на Екатарина Велика. Албумот постои како винил издание и е достапен на сите дигитални платформи.