[ВИДЕО] Поп-ѕвездата Кајли Миног откри дека ракот ѝ се вратил во 2021 година, во тајност водела битка со болеста

Точка

20/05/2026

19:01

337

Големина на фонт

а а а

Австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног откри во нов документарец на „Netflix“ дека на почетокот на 2021 година по вторпат ѝ бил дијагностициран рак, повеќе од 15 години по првата болест.

Пејачката, која денес има 57 години, изјави дека долго време ја задржала за себе втората дијагноза, за разлика од 2005 година, кога јавно зборуваше за ракот на дојка.

Во документарецот „Kylie“ наведува: „Мојата втора дијагноза на рак беше на почетокот на 2021 година. Успеав да го задржам тоа за себе... Не како првиот пат“.

Миног додаде дека повторно успеала да ја победи болеста и дека сега е добро. По рутински преглед ја дознала дијагнозата, а во промотивните материјали за документарецот порача: „Ќе има некој што ќе има корист од благ потсетник да оди на прегледи... Раното откривање беше многу корисно и многу сум благодарна што денес можам да кажам дека сум добро“.

По лекувањето, рече таа, не можела да го пронајде вистинскиот момент јавно да зборува за она низ што поминала, иако во меѓувреме доживеала голем успех со песната „Padam Padam“, која во 2023 година ѝ донесе Греми награда.


Таа наведе и дека трагата од тоа искуство ја оставила во песната „Story“ од албумот „Tension“, бидејќи ѝ било потребно нешто што ќе го одбележи тој период.

Миног првпат се соочи со рак во 2005 година, кога имаше 36 години. Тогаш ги откажа преостанатите датуми од турнејата „Showgirl“ и настапот на фестивалот Гластонбери за да започне лекување во Мелбурн, а во 2006 година откри дека е излекувана.