Без струја денеска делови од Ѓорче Петров и Петровец

Макфакс

21/05/2026

07:33

161

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија АД известува дека денеска ќе има прекин во снабдувањето со струја во одредени делови од општините Ѓорче Петров и Петровец, поради планирани зафати.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата 31, 102 и 103 во Волково, општина Ѓорче Петров;

– во периодот од 11.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Катланово, влез на Катланово и Регионалниот пат, општина Петровец.