НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитално решение, достапно преку мобилната апликација NLB Pay, им овозможува на корисниците на платежни картички на НЛБ Банка едноставен трансфер на средства од која било НЛБ платежна картичка, кон сите Visa платежни картички во земјата, како и во над 30 земји во странство.
Со воведувањето на Visa Direct, НЛБ Банка прави значаен чекор кон понатамошна дигитализација на финансиските услуги, нудејќи им на клиентите практично решение за брз пренос на средства во ситуации кога времето, сигурноста и едноставноста се од особено значење.
Со глобална експертиза во движењето на парите, Visa Direct обезбедува поедноставно решение при секојдневите домашни и меѓународни трансфери и управувањето со валути. Услугата дава приоритет на безбедноста, едноставноста и брзината на процесот.

Трансферите се обработуваат во реално време, без разлика дали трансферот се одвива во земјата или во странство, а примателот ги има средствата на својата Visa платежна картичка за помалку од половина час. На тој начин, корисниците добиваат сигурна и ефикасна услуга која одговара на потребите на динамичното секојдневие.
Со оваа услуга, НЛБ Банка уште еднаш ја потврдува својата посветеност на развој на иновативни и достапни решенија што ги следат навиките и потребите на современите клиенти, истовремено обезбедувајќи високо ниво на сигурност и доверба при секоја трансакција.
Повеќе информации за услугата се достапни на веб-страницата на НЛБ Банка, во експозитурите на Банката или во Контакт центарот на 02/15 600.
Комерцијален текст







