Хаос во кафеана во Крива Паланка: Нападнат музичар, искршена опрема

Макфакс

20/05/2026

14:40

242

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство во кафеана во Крива Паланка, каде што еден музичар бил нападнат а опрема искршена во инцидент што се случил во април.

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ц. (37) од Крива Паланка, поради насилство.

Инцидентот се случил на 12 април годинава во угостителски објект во Крива Паланка. Пријавениот најпрвин почнал да ги попречува членовите на музичката група која била ангажирана во објектот, по што и физички нападнал еден од музичарите.

Во текот на инцидентот, Б.Ц. оштетил и дел од музичката опрема.