[ФОТО/ВИДЕО] Првпат го запознал Путин кога бил дете: Денес во Кина повторно го сретнал и добил специјален подарок

Точка

20/05/2026

14:40

656

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денес во Пекинг се сретнал и со кинескиот инженер Пенг Пај, кого го запознал за време на својата прва официјална посета на Кина во 2000 година, кога Пенг сè уште бил дете и од него добил порцелански сервис на подарок.

Како дете Пенг Пај го запознал Путин за време на неговата прва државна посета на Кина како претседател на Русија, во јули 2000 година, а подоцна студирал на еден од универзитетите во Москва, пренесе агенцијата РИА Новости.


Путин и Пенг Пај кој сега работи за една од големите кинески компании, разговарале во државниот пансион „Жаојутаи“, каде што рускиот лидер престојува за време на посетата на Пекинг, а на крајот од средбата, Путин се фотографирал со Пенг Пај и потпишал копија од нивната заедничка фотографија што била направена пред 26 години.



За време на средбата со Путин, кинескиот инженер рекол дека образованието е најважното нешто што го стекнал во Русија.

„Ова е најважното нешто што го стекнав во Русија“, рекол Пенг, кој студирал на Московскиот државен технички универзитет за автомобили и патишта (MADI) од 2007 до 2013 година, а потоа се вратил на работа во својата татковина.