Познат француски тенисер загуби поен, па ги соблече шорцевите и доби опомена

Дерби

20/05/2026

12:25

214

Големина на фонт

а а а

Корентан Муте е еден од најспефицичните тенисери кои се во топ 100 на АТП листата, а како добро познат шоумен за јавноста, сега ги потсети фановите на еден перформанс од повеќе од две децении.

Муте загуби од Давидович Фокина во раната фаза на турнирот во Хамбург, но го привлече вниманието поради еден загубен поен во вториот сет.

Францускиот тенисер вложи максимален напор за да го добие поенот, а откако го изгуби, направи нешто што не се видело во тенисот цели 22 години.

Муте ги соблече шорцевите и ги покажа своите гаќи, па поради непримерниот потег, доби опомена од главниот судија.

Ова не е првпат да се види вакво нешто на тениските терени, бидејќи иста сцена има режирано легендарниот Марат Сафин на Ролан Гарос во 2004-та година.