Арсен Венгер беше последниот тренер кој му донесе шампионска титула на Арсенал во Премиер лигата, а 22 години подоцна, Французинот го доби својот наследник во името на Микел Артета.
Навивачите на клубот од Северен Лондон со години беа мета на потсмев, особено тоа беше случај по трите сезони во кои завршија втори, но упорноста на крајот даде резултат и Арсенал вчера и официјално стана англиски шампион.
Артета го наследни Венгер и после повеќе од две децении го врати трофејот во Арсенал, па набрзо по осигураната титула, клубот излезе со промотивен видео материјал за да се одбележи освоената титула.
Во шампионскиот материјал е вклучен и Арсен Венгер, односно токму со негова порака започнува видеото кое се шири на социјалните мрежи.
– Го направивте тоа. Шампионите продолжуваат напред кога другите сопираат. Ова е ваше време, а сега одете и уживајте во секој момент…, – гласи пораката на Венгер.
This belongs to all of us. pic.twitter.com/7cUNDp2KR5
— Arsenal (@Arsenal) May 19, 2026







