Флик побарал да му се исполнат две желби пред да го продолжи договорот, Барселона ќе вложи максимален напор да му ги исполни

Дерби

20/05/2026

11:02

404

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик пред два дена стави потпис на нов договор со Барселона и се обврза на верност до 2028-ма година, но пред да го направи тоа, имал и одредени барања до водечките луѓе.

Германецот е составен дел од плановите кои ги прави клубот за новата сезона, односно заедно со Деко учествува во конфекционирање на тимот за новата натпреварувачка сезона.

Како што јавува „Мундо Депортиво“, Ханси Флик побарал да му бидат исполнети две желби пред да стави потпис на новиот договор, а Барселона како клуб ќе направи се што е во нејзина моќ да ги исполни истите.

Германскиот стручњак е презадоволен од професионалниот ангажман и залагањето кое го презентираа двајца позајмени фудбалери, па побарал од управата да се бори за Маркус Рашфорд и Жоао Кансело.

Флик ги гледа двајцата во својот проект за наредните две сезони, а Барселона како клуб ќе се обиде да му ги исполни двете желби во периодот кој следи.