Денеска делови од општина Ѓорче Петров ќе останат без вода поради уличен дефект кој предизвика прекин во водоснабдувањето, а кој ќе трае додека не се отстрани проблемот.
РЦУК – Скопје известуваме дека денеска поради уличен дефект ф-400 на Лука Геров 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Даме Груев, Ново Село, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани, општина Ѓорче Петров.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.







