Реконструкцијата на кракот на булеварот Трета македонска бригада кај Метро влезе во завршна фаза

Макфакс

18/05/2026

14:30

217

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, ја најави завршната фаза на реконструкцијата на важниот дел од булеварот Трета македонска бригада кај Метро, која вклучува нов асфалт, тротоари и улично осветлување, со цел да се подобрат условите за сообраќај и безбедноста.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности што се одвиваат на терен на овој значаен сообраќаен потег во Аеродром, кој за првпат добива целосна и темелна реконструкција.

„Со проектот обновуваме делница во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и нови тротоари на површина од 1.500 м².

Особено е важно што за првпат овде поставуваме и улично осветлување, со што значително ќе се подобрат безбедноста, видливоста и условите за сообраќај. Ова е многу фреквентна делница што секојдневно ја користат и граѓаните и компаниите што функционираат во овој дел од Аеродром“, велат од општината.

Вредноста на инвестицијата изнесува 17 милиони и 908 илјади денари. Овој проект е дел од поширокиот циклус за реконструкција на улици во Општина Аеродром, во вкупна должина од 5,4 километри и вредност од 138 милиони денари, средства обезбедени од македонската Влада преку Министерството за транспорт и врски.