Венко Филипче ги критикува ставовите на партијата на Мицкоски, истакнувајќи дека партијата не ја почитува македонската државност и упатува реакции околу предложениот закон за државјанство на министрите.
Филипче: Промакедонската партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска
Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот. Доста е со вашите лаги. Граѓаните јасно велат: Сакаме ЕУ!“, напиша Филипче на X.
Уште еден доказ дека „промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, всушност не сака да биде македонска.
Може целата Влада да биде составена од бугарски државјани, ама не може малцинствата да влезат во Уставот.
Доста е со вашите лаги.
Граѓаните… pic.twitter.com/5iCALtBWPG
— Venko Filipce (@VFilipche) May 18, 2026







