Променливо облачно време со слаб локален дожд до крајот на седмицата

Нетпрес

18/05/2026

07:13

184

Големина на фонт

а а а

Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Во Скопје и околината денеска исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 25 Целзиусови степени.

До крајот на работната седмица и почетокот на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен и северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 50 km/h).