Лажна тревога за пожар го испразни Ист гејт, МВР вели нема дојава за бомба

Макфакс

17/05/2026

19:50

260

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи информира дека нема дојава за експлозивни направи во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје, откако поради активирање на противпожарен аларм објектот беше кратко евакуиран.

Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи, по информацијата дека била спроведена евакуација во трговскиот центар „Ист гејт“.

-Во СВР Скопје нема дојава за поставени експлозивни направи во било кој трговски центар – се наведува во информацијата на МВР.

Претходно денеска трговскиот центар „Ист гејт“ беше за кратко евакуиран. Како што објавија дел од медуумите евакуацијата, се случила по активирање на противпожарен аларм кај еден од закупците. Посетителите биле замолени мирно да го напуштат објектот, согласно безбедносните протоколи.