Се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат кај Штип помеѓу три возила, при што една сопатничка била тешко повредена, а еден од возачите немал возачка дозвола.
Вчера во 14:42 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат Плачковица – Штип, во насока од с.Таринци кон с.Стар Караорман, штипско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (21) од с. Јунузлија, општина Карбинци (кој го управувал возилото без возачка дозвола), патничко возило „рено клио“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(45) од Штип и патничко возило „опел зафира“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.М.(47) од Штип.
Сопатничката од возилото „фолксваген пасат“ Д.М.(50) од с.Јунузлија се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.







