Манчестер Сити вчера го совлада Челси со голот на Семењо и стигна до уште еден трофеј во ФА купот, но Пеп Гвардиола бара максимален фокус на завршните дуели од Премиер лигата.
Арсенал има предност и сам ќе си ја решава судбината, но Сити очекувајќи кикс мора да оди на максимален учинок на последните две средби.
Во таа насока, по триумфот на „Вембли“, Гвардиола потенцирал дека нема да дозволи еуфорија во екипата и опуштање во пресрет на незгодното соочување со Борнмут.
– Одиме директно дома. Нема никаква забава и не е дозволено ниту едно пиво.
– Челси имаше седум дена да се подготви за овој натпревар, ние имавме само три, а вчера беше хаос. Поминавме шест часа во воз да стигнеме во Лондон, возовите во Англија се ужас, – потенцирал Пеп.
Сити треба да го одигра натпреварот со Борнмут веќе во вторник.





