ММА фановите може да се подготвуваат за официјален камбек на Конор МекГрегор, кој потврди дека ќе се појави на УФЦ ивентот во Лас Вегас.
Ирецот ќе има соочување во октагонот со Макс Холовеј, а настанот е закажан за 11. јули и ќе предизвика голем интерес меѓу љубителите на овој спорт.
37-годишниот МекГрегор ќе се врати во октагонот првпат по пауза од пет години, односно откако заврши со фрактура на ногата на дуелот со Дастин Појре во 2021 година.
Помладиот ривал Холовеј ќе биде сериозен предизвик за Ирецот, бидејќи тој подобро ја одржува формата со ММА борби, а нивното соочување е реприза од борбата во 2013 година, која МекГрегор ја доби на поени.
Во својата УФЦ кариера, МекГрегор има ефект од 22 победи и 6 порази, а последните години најчесто завршуваше во таблоидите поради различни инциденти и судски процеси.






