Зошто не можете да ги пронајдете клучевите иако се директно пред вас? Научничка ја откри вистинската причина

Точка

16/05/2026

11:10

376

Големина на фонт

а а а

Научничка од британскиот Универзитет во Бристол објасни дека за овој феномен не е виновно само невниманието, туку и начинот на кој нашиот мозок ги обработува информациите.

Речиси сите барем еднаш сме доживеале фрустрирачка ситуација – бараме клучеви, очила или мобилен телефон низ целата куќа, а некој друг влегува во собата и ги пронаоѓа за две секунди, токму таму каде што сме гледале. Научничката од британскиот Универзитет во Бристол, професорката по анатомија Мишел Спир, објасни дека за овој феномен не е виновно само невниманието, туку начинот на кој нашиот мозок ги обработува информациите. Станува збор за т.н. „слепило поради невнимание“, состојба во која мозокот буквално не регистрира предмет што е целосно видлив, бидејќи не одговара на нашите очекувања.


„Видот не е само она што очите го гледаат, туку и она што мозокот очекува да го види“, вели Спир. Кога бараме нешто набрзина или под стрес, мозокот активира „предвидувања“ и ја филтрира околината. Ако предметот се наоѓа на необично место, под поинаков агол или е делумно прикриен од неред, мозокот едноставно го прескокнува.

Затоа некој што бара клучеви десет минути може „да не ги види“, додека личност што влегува со „свеж поглед“ веднаш ќе го забележи тоа што го бараме.

Професорката истакнува и суптилни разлики меѓу половите. Жените во просек се нешто поуспешни во пронаоѓање предмети во пренатрупани простории, додека мажите подобро извршуваат задачи поврзани со просторна ориентација. Но, таа нагласува дека искуството и познавањето на околината се поважни од полот, пишува „Daily Mail“.