Измамена жена во Градско: Ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и земале 240.000 денари

Макфакс

15/05/2026

15:50

164

Големина на фонт

а а а

Жена од Градско била измамена со телефонска лага дека нејзината ќерка е во болница и дека е потребен оперативен зафат вреден 240.000 денари, по што ги предала парите на непознато лице пред болницата.

Измамена жена во Градско, ја излажале дека ќерка ѝ е во болница и дека за операција се потребни 240.000 денари. Жената ги однела парите пред болница и ги дала на женско лице, а подоцна сфатила дека е измамена.

Според информациите на МВР, вчера во 14:30 часот во СВР Велес, 58-годишна жена од село во општина Градско, пријави дека била измамена за сума од 240.000 денари.

Според пријавеното, едно лице ја контактирало телефонски, се претставило како лекар во Општа болница Велес и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болницата со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат, за што требало да плати, а парите да ги донесе во болница.

Како што е пријавено, во дворот од болницата ја пречекало женско лице на кое ги дала парите, а подоцна сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.