Македонија со лекција за Словачка на чекор до пласман на СП

Дерби

14/05/2026

21:09

369

Големина на фонт

а а а

Македонската машка ракометна репрезентација е многу блиску до пласман на уште едно големо натпреварување, откако реваншот од баражот за пласман на СП 2027, ќе го дочека со голема предност (24:31) од гостувањето кај Словачка.

Нашата репрезентација го оправда статусот на фаворит уште на првата средба, издоминира во Прешов и на крајот се враќа во Скопје со голема предност, која треба да биде потврдена на реваншот.

На почетокот на натпреварот имаше повеќе грешки и немаше простор за поголема позитива, но во вториот дел од првото полувреме Македонија почна да гради предност, која со голот на Кузмановски во последните секунди значеше плус пет на паузата.

Во второто полувреме, избраниците на Кире Лазаров не дозволија предноста да падне под пет голови и заслужено стигнаа до убедлив триумф за полесна задача на реваншот.

Кузмановски со 10 и Лазаревски со 7 голови беа најефикасни во редовите на македонската селекција.

Вториот натпревар ќе се игра на 19. мај во 19 часот.