12-годишно девојче под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник

Макфакс

14/05/2026

14:00

155

Големина на фонт

а а а

Дванаесетгодишно девојче од Скопје е пријавено за испраќање на експлицитни фотографии под закана до малолетно лице преку мобилна апликација. Случајот е во постапка на полициска истрага.

12-годишно девојче од Скопје под закана испраќало експлицитни фотографии на малолетник. Случајот во полиција го пријавила нејзината мајка.

Според информациите на МВР, вчера 35-годишна жена од Скопје пријави дека во периодот од март годинава до денот на пријавата, нејзината 12-годишна ќерка под закана преку мобилна апликација испраќала експлицитни фотографии и видеа на малолетник.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.