Лаутаро му даде оценка на Киву по освоената двојна круна

Дерби

14/05/2026

11:39

716

Големина на фонт

а а а

Кристијан Киву беше пречекан со голем скептизицам во Милано пред една година, но неполни 12 месеци подоцна, романскиот стручњак заедно со своите играчи ја прослави првата двојна круна во клубот од ерата на Жозе Мурињо.

Интер го победи Лацио со 2:0 во вчерашното финале на „Олимпико“ и ја завери и втората титула на домашната сцена, со што само го потврди приматот на најдобар тим во италијанскиот фудбал во овој момент.

Италијанскиот првак профитираше од подароците во првиот дел и знаеше како лесно да го приведе финалето до самиот крај, а стрелец на еден од двата гола беше Лаутаро Мартинез.

Капитенот уште еднаш се истакна на голем натпревар, а по крајот на истиот, аргентинскиот напаѓач даде оценка и за сезоната која ја одработи Киву во својата премиер како тренер на Интер.

– Ова има големо значење за сите нас, не беше лесно после тоа што ни се случи минатата сезона. Не беше лесно да се вратиме на вистинскиот пат, но успеавме во тоа и стигнавме до неверојатна сезона. Имамве добри резултати, покажавме топ перформанси и интензитет и горд сум што завршуваме со уште еден трофеј. Секогаш има многу врева околу Интер, но ако гледате реално што направивме низ годините, ќе сфатите дека тоа е нешто големо. Треба да продолжиме по истиот пат, по патот кој носи трофеи за клубот, – изјави Лаутаро, кој му даде и чиста десетка на Киву за својата прва сезона во клубот.

– Десет од десет. Би му дал на Киву чиста десетка. Тој дојде со многу прашалници над својата глава, но ни помогна многу во изминатиот период и многу се радувам за него, – изјави капитенот.