Брајтон ќе ја заврши сезоната без Каору Митома во своите редови, а денешната информација ги загрижи и јапонските фанови.
Менаџерот Фабијан Хурцелер ги информирал новинарите дека повредата на Митома од дуелот со Волвс не е наивна и тој ќе мора да паузира најмалку неколку недели.
– Митома дефинитивно ќе ги пропушти наредните два натпревара.
– Што се однесува до светското првенство, не сум сигурен. Ќе бидеме во контакт со јапонската федерација, – рекол Хурцелер.
Јапонците го отвораат СП со дуел против Холандија на 14. јуни, а периодот од еден месец може да се покаже како недоволен за Митома да биде целосно фит за мундијалот.
Митома досега има постигнато 9 голови на 31 натпревар во јапонскиот дрес.






