Манчестер Сити остана во трката за титулата во Премиер лигата со сигурната победа која ја оствари над Кристал Палас, а поволна вест за Пеп Гвардиола беше тоа што стигна до три бода без да ги измори своите ѕвезди.
Дел од најважните играчи на Сити останаа на клупата за резерви и добија поштеда пред финалето во ФА Купот и дуелот со Борнмут во Премиер лигата, а во такви услови, до израз дојдоа играчи кои поретко добиваат шанса.
Фил Фоден е еден од подзаборавените играчи на Сити во овој втор дел од сезоната, но Англичанецот вчера ја презентираше својата класа на дело, и тоа со две асистенции.
Посебно бравурозна беше првата која му ја испорача на Семењо, а која добар дел од англиските медиуми ја посочија и како главен фаворит за асистенција на сезоната.
– Ја подигнав главата неколку пати пред да ја примам топката и видов дека Семењо се движи во вистински правец. Тоа е мили секунда, некогаш вакви работи успеваат, а некогаш не. Сепак, вредеше да се проба и многу ми е мило што испадна какошто треба. Мило ми е што му помогнав на тимот после долго време, – изјави Фоден и додаде.
– Ќе кажам дека имав добра прва полусезона, а потоа паднав во форма. Се мачев да се вратам на посакувано ниво, а во тим со толку многгу добри играчи покрај себе, секогаш станува потешко да се најдете на теренот. Морав да чекам, да работам и да тренирам напорно, но го дочекав моментот и дадов се што имам. Ова е тимски спорт, се освојуваат титули поради придонесот на сите играчи во тимот, – додаде Фил.
Sensational back heel assist from @PhilFoden 👌@antoinesemenyo with the opener 👊 pic.twitter.com/ubTJgYaBW4
— Manchester City (@ManCity) May 13, 2026
The perfect setup, the perfect finish 🎨 pic.twitter.com/kUu2dQIbxO
— Manchester City (@ManCity) May 14, 2026











