Министерство за култура: Исплатени се средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година

Макфакс

13/05/2026

17:30

118

Големина на фонт

а а а

Министерството за култура и туризам извести дека средствата за самостојни уметници за 2026 година се исплатени и наскоро ќе им бидат достапни на сметките. Причината за одложувањето беше неопходноста од дополнителни проверки и усогласување, со цел исплатата да се реализира во согласност со законските услови.

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки.

Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи.

„Министерството за култура и туризам останува посветено на навремено и континуирано исполнување на обврските кон самостојните уметници, како и на унапредување на системските решенија за надминување на вакви ситуации во иднина“.