СДСМ: Функционери на власта со бугарски пасоши глумат лажни патриоти

Макфакс

13/05/2026

14:50

175

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја обвини опозициската тендер-коалиција ВМРО-ЗНАМ за поседување бугарски пасоши од страна на бројни функционери и ја обвини за лажен патриотизам додека не исполнува дадени ветувања пред граѓаните.

Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија, обвини денеска портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, власта нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните.

„Вистинските предавници на македонските национални интереси се во Владата на Мицкоски. Половина од оваа тендер-коалиција има бугарски пасоши. Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени пасоши на ЕУ, а глумат лажни патриоти пред народот“, изјави Кузеска.

Кузеска истакна дека токму оние кои со години земале бугарски документи за личен интерес, денес не сакаат да ги внесат малцинствата во Уставот бидејќи не им одговара европска и правна држава, туку изолирана и корумпирана Македонија во која „криминалната мрежа на ВМРО-ОКГ ќе продолжи да краде“.