Сеск Фабрегас врши одлична работа во калчолигашот Комо и со настапите, играта на екипата и секако резултатите го привлекува вниманието на големите клубови.
Минатото лето исто така беше интересен, меѓуто остана во сегашната средина, но останува да видиме што ќе донесе оваа година особено ако некој топ тим затропа на неговата врата.
Фабрегас како што е познато е дете на Барселона, па затоа е интересна неговата изјава дека е отворен да го води Реал Мадрид во иднина, огромниот ривал на каталонците.
- Дали имаш црвена линија? Ако еден ден ве повика Реал Мадрид… дали би можел да бидеш тренер на Реал Мадрид? Немам црвена линија. Една црвена линија, и бев многу јасен за ова од самиот почеток, е дека не би сакал да бидам асистент, на пример. Јасно ми е дека сакам да бидам главен тренер.
- Другата работа [можноста за Реал Мадрид]? Дури и не сум размислувал за тоа, ниту пак сум го разгледувал. Немав време за ништо, - порача Шпанецот.







