Во Охрид беше извршен судски претрес во домот на лице од Кичево, при што беше одземена марихуана. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена официјална пријава.
Вчера околу 20:00 часот, по претходно добиени сознанија и по консултација со Основното јавно обвинителство Охрид, а со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршија претрес во домот и помошни простории во Охрид каде престојува И.Ј.(31) од Кичево.
При претресот е пронајдена и одземена марихуана, по што лицето е повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







