СДСМ: Груевски е жив споменик на криминалот на ВМРО

Макфакс

13/05/2026

09:36

146

Големина на фонт

а а а

СДСМ ја повтори својата заложба за јасно објаснување дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски, обвинувајќи ја Владата дека го штити поранешниот лидер на ВМРО поради криминални активности.

Од СДСМ денеска повторно упатија прашање прашање до министерот за правда, Игор Филков, и до премиерот, Христијан Мицкоски, дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени или не?

„Одговор? Тишина. Молчење. Премолчување. Мицкоски и Филков се прават будали пред цел народ. Се прават како да не чуваат, како да не знаат, како да не е нивна работа. А сите знаеме дека е нивна работа – и дека намерно го штитат Груевски. Зошто? Затоа што Груевски не е обичен бегалец. Тој е жив споменик на криминалот на ВМРО. Ако Груевски падне, паѓа и целата мрежа. Ако Груевски падне, паѓа и Мицкоски. Повеќе од месец дена тие ја газат правдата, ја газат државата и ја газат елементарната пристојност. Доста е со игрите. Доста е со будалењето. Испратете ги документите за екстрадиција на Груевски веднаш. Или признајте јавно дека Владата на Мицкоски е официјален штит за најпознатиот македонски криминалец“, велат од СДСМ.