Премиерот на Бахами освои втор мандат, прв таков случај по речиси 30 години

Макфакс

13/05/2026

07:02

190

Големина на фонт

а а а

Премиерот на Бахамите, Филип Дејвис, освои втор последователен мандат, што е прв ваков случај во земјата по речиси три децении, на што гледа како на доверба од народот за понатамошно раководење и развој.

Премиерот на Бахами, Филип Дејвис и неговата владејачка Прогресивно-либерална партија беа реизбрани вчера, со што Дејвис стана првиот лидер избран за втор последователен мандат за речиси 30 години.

„Бахамскиот народ се изјасни и јас ја прифаќам нивната одлука со понизност и благодарност“, изјави Дејвис за Ројтерс.

„Оваа победа е мандат да продолжиме да ги водиме Бахамите напред, да ги прошириме можностите, да ја зајакнеме безбедноста, да го намалиме притисокот врз семејствата и да постигнеме напредок на нашите острови“, додаде тој.