Нè очекува драматична завршница во Серија А: Пет екипи се борат за три места во ЛШ

Дерби

12/05/2026

11:23

450

Големина на фонт

а а а

Остануваат само уште две кола до крајот на оваа сезона во Серија А, две рунди кои ќе биде супер интересни, драматични кога е во прашање трката за позициите кои водат во Лигата на шампионите.

Само Интер официјално има обезбедено билет за елитното натпреварување за кампањата 2026/2027, односно останатите три позиции се отворени, а битка ќе водат пет екипи.

Од Наполи кој е втор и Комо кој е шести разликата е само пет бода што доволно говори за тоа што не очекува во завршните две рунди.

Клубовите прават доста киксови, Наполи и Милан имаат пад на формата, Јувентус знае да згреши кога најмалку се очекува и доказ за тоа е ремито со Верона, Комо можеби е под најмал притисок затоа што веќе обезбеди Европа и само прашање е каде ќе игра…па сето ова е најава за доста возбудувања.

Наполи до крајот се соочува со Пиза и Удинезе, Јувентус оди на соочувања со Фиорентина и Торино, Милан гостува на Џенова и го дочекува Калјари, Рома ги има Лацио и Верона, додека Комо кој чека шанса од позадина има натпревари со Кремонезе и Парма.