УЕФА ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата во битките за трофеи во трите натпреварувања

Дерби

12/05/2026

11:20

181

Големина на фонт

а а а

Европската фудбалска федерација (УЕФА) или поточно судискиот комитет ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на финалните средби, битките за трофеи во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

Пари Сен Жермен и Арсенал ќе водат „војна“ за најважниот пехар во Будимпешта, а одговорноста се да биде во најдобар ред ќе ја има Даниел Зиберт, човекот кој последниот ангажман го имаше пред само неколку дена, го судеше реваншот меѓу „топчиите“ и Атлетко Мадрид, судење на кои забелешки имаа гостите од Шпанија,

Франсоа Летексје (Франција) ќе биде задолжен за завршниот меч во Лига Европа меѓу Астон Вила и Фрајбург, додека Маурицио Маријани (Италија) ќе ја дели правдата на соочувањето меѓу Кристал Палас и Рајо Валјекано во КЛ.

Женското финале во ЛШ меѓу Барселона и Лион и припадна на Тес Олофсен од Шведска.