ВМРО-ДПМНЕ јавно го осуди говорот на бугарската министерката за надворешни работи, која го употреби поимот „северномакедонски“ за обележување на македонскиот народ. Партијата истакнува дека такво означување не е точна и не го одразува вистинскиот идентитет на народот во Македонија. Во соопштението се нагласува потребата од одговорност и воздржаност во јавните изјави, со цел да не се злоупотребуваат за политички цели.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги повикува и другите политички сили во земјата да го осудат користењето на вакви поими, со цел јасно да се заштити македонскиот идентитет како нешто нерешиво и неприкосновено.
ВМРО-ДПМНЕ јасно и недвосмислено го осудува говорот на министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамова, во кој вели ,,северномакедонски”, потенцираат во соопштение од владејачката партија.
„Во контекст на изјавата, министерката Петрова Чамова, го искористи поимот ,,северномакедонски” за означување на македонскиот народ, а тоа е неточно и несоодветно.

Во Македонија живеат Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци, но Северномакедонци нема.
Повикуваме на разумност и внимателност во говорите на бугарските политичари, за да не можат истите да бидат искористени за политички цели“.
Воедно, како што потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваат и останатите политички партии да го осудат овој говор на министерката Петрова Чамова, со цел, како што велат, давање јасен став дека идентитетот не е предмет на разговори, преговори и договори.







