(Видео) Ослободениот активист од флотилата ќе го тужи Израел, Шпански министер: Тоа беше киднапирање

Макфакс

12/05/2026

09:48

142

Големина на фонт

а а а

Саиф Абукешек, активист од Меѓународната флотила, најави дека ќе поднесе тужба против Израел поради киднапирањето и притворањето во меѓународни води. Шпанскиот министер за надворешни работи ја стави под знак прашалник израелската верзија за настанот и го обвини Израел за нарушување на меѓународното право. Ослободените активисти беа дел од група која пловеше кон Појасот Газа со цел да отвори хуманитарен коридор, но беа сопреани од израелската морнарица.

Членот на Меѓународната флотила и активист Саиф Абукешек, кој беше киднапиран од израелската војска во меѓународни води и ослободен по десетдневен притвор, вчера изјави дека ќе преземе правни мерки против Израел за кршење на законот.

„Моите адвокати проучуваат сè што се случи бидејќи Израел прекрши бројни закони“, изјави тој на прес-конференција во Барселона.

Шпанскиот државјанин Абукешек и бразилскиот активист Тијаго Авила беа ослободени од израелски притвор во неделата и депортирани откако беа уапсени под сомнение за тероризам.

Шпанија: Нема докази за обвиненијата
Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Луис Албарес изјави дека нема никакви докази за обвиненијата што Израел ги изнесува против Абукешек. Тој тврдеше дека блискоисточната земја го прекршила меѓународното право со киднапирањето на активистите. Бразилската влада побара ослободување на Авила.

Абукешек и Авила беа меѓу 180 активисти пресретнати и заробени од израелската морнарица во меѓународните води покрај Грција додека пловеа за да отворат хуманитарен коридор кон Појасот Газа, кој Израел го блокира од морето од 2007 година.

Израел ги истовари другите активисти, кои ги нарече провокатори, во Грција. Тие се пожалија на тепања и злоупотреби. Фотографиите објавени од флотилата покажуваат повредени луѓе.