Вреди за протестите: Зошто Ахмети се крие зад студентите, го потпалува огнот позади, додека ги турка другите напред

Макфакс

18/05/2026

21:31

154

Големина на фонт

а а а

Партијата Вреди ги повикува студентите да не бидат жртви на политички манипулации и истакнува дека Али Ахмети ја користи ситуацијата за лична политичка корист, додека проблемот со правосудниот испит на албански јазик е во процес на решавање.

Вистината мора да се каже јасно и гласно: студентите протестираа против неправда која потекнува токму од времето на владеењето на ДУИ. Сите Албанци знаат дека правосудниот испит никогаш не се одржувал на албански јазик.
Протестот е демократско право и никој тоа не го оспорува. Но, ние реагираме против оние кои се обидуваат да го манипулираат истиот за политички цели, велат од „Вреди“.

„Денес на протестот, без ни малку срам, се појавија и двајцата главни виновници што правосудниот испит не се одржува на албански јазик: Муса Џафери и Блерим Беџети.
Токму тие што денес се обидуваат да ја разгорат оваа тема, ја користеа власта за лично богатење во периодот кога проблемот требаше да биде решен.
Почитувани студенти, ние отворено разговаравме со вас. Го прифативме вашето барање и ви ветивме дека проблемот ќе биде решен.
Вие побаравте правосудниот испит да биде на албански јазик, а ние работиме сите професионални испити да бидат достапни и на албански јазик.
Во таа насока, денес во Владата се одржа средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претседателите на ВЛЕН. Затоа со целосна сигурност ви порачуваме: многу скоро испитите ќе бидат и на АЛБАНСКИ ЈАЗИК.
Албанците не се наивни. Тие многу јасно гледаат дека зад оваа врева не стои грижата за студентите, туку борбата за изгубената власт.
Затоа, вистинското прашање е: Зошто Али Ахмети се крие зад студентите? Зошто не им кажува на Албанците дека ова прашање не го реши кога целата власт беше во негови раце“, прашуваат од оваа партија.

Како што додаваат, уште еднаш, Али Ахмети покажа дека „го фрла каменот, а ја крие раката“.

„Го потпалува огнот од позади, додека ги турка другите напред, а потоа се обидува политички да профитира“.

Ова прашање, според „Вреди“ не смее да се претвори во судир меѓу институциите и студентите.

„Студентите се наши деца.
Затоа ги повикуваме студентите да не подлегнуваат на политички манипулации и да имаат доверба дека ова прашање веќе е преземено од „Вреди“ и дека неговото решение е многу блиску.