СДСМ: До кога народот ќе чека одговор дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски?

Макфакс

11/05/2026

21:22

109

Големина на фонт

а а а

СДСМ инсистира на добивање јасен и конкретен одговор од власта дали документите за екстрадиција на Никола Груевски се испратени. Поради блокадата на овој процес, се зголемуваат сомневањата за заштита на поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и на криминална мрежа, додека дел од партијата се оддалечуваат од неговата линија.

До кога народот ќе чека одговор дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски, прашуваат од СДСМ.

„Граѓаните со денови бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда, Филков и Христијан Мицкоски: Дали се испратени барањето и документите за екстрадиција на Никола Груевски? До кога треба да чека народот? ЗНАМ тотално се распаѓа, а Мицкоски веќе го стави Филков на листата за смена во најавената реконструкција на Владата, граѓаните заслужуваат да знаат: Кој е вистинскиот налог што Мицкоски му го дал на Филков? Дали да го штити Груевски или да биде уапсен? Што покажуваат анкетите што Мицкоски ги нарачал?“, прашува СДСМ.

Од таму велат дека еден дел од ВМРО е против апсењето на поранешниот претседател на партијата, а друг дел веќе откажува послушност и не сака да биде дел од криминалната мрежа.

„Исто како што пратеници и советници масовно го напуштаат ЗНАМ, партијата основана од Максим Димитриевски а финансирана од Мицкоски, така и луѓе од ВМРО-ОКГ сè повеќе гледаат дека доаѓа време на одговорност. Мицкоски ја блокира екстрадицијата на Груевски, затоа што со тоа не го штити само Груевски, туку се штити и самиот себе и својата криминална мрежа“, велат од СДСМ.