Економската приказна на Владата се распаѓа, ниту ребаланс не го спасува буџетот, велат од Левица

Макфакс

11/05/2026

15:09

140

Големина на фонт

а а а

Партијата Левица предупредува дека за четири месеци е потрошен голем дел од буџетскиот дефицит за 2026 година, што сигнализира погрешни основи на буџетската политика. Слабите приходи од главните даночни категории укажуваат на намалена потрошувачка и економска активност, а предложениот ребаланс нема да го реши проблемот туку ќе ги потврди постојните слабости во економијата. Левица бара нов пристап со посилно оданочување и поддршка на индустријата, со цел стабилизирање на финансискиот систем.

Податоците кои покажуваат дека за четири месеци е реализирано над 72% од предвидениот буџетски дефицит укажуваат на тоа дека основата врз која е составен Буџетот за 2026 година е или претерано оптимистичка или носена од политички интереси, укажуваат од Левица.

Кога приходите се понизок од очекуваното уште во првиот квартал, а трошоците течат со предвиденото темпо, значи дека земјата се соочува со сериозен јаз помеѓу буџетските амбиции и реалните економски можности, додаваат тие.

„Владата се обидува ова да го прикаже како уобичаена ситуација која ќе биде решена со ребаланс, но бројките говорат друго. Ребаланс во момент кога во април речиси целосно е искористен годишниот дефицит не претставува само техничка корекција, туку признание на неуспешноста на економската политика.

Особено алармантно е што најголемиот пад на приходи е видлив токму кај главните даночни категории: ДДВ, акцизи и персонален данок. Слабата наплата на ДДВ и акцизите укажува на намалување на домашната потрошувачка и слабеење на економската активност, додека ниските приноси од персоналниот данок ја потврдуваат тезата дека растот на плати и бројот на вработени не го следи очекуваниот развој.

Наместо да се решаваат суштинските проблеми како недоволно оданочување на најбогатите, рамномерен даночен систем, зависноста од увоз, ниските плати и растечката инфлација, Владата повторно се потпира на задолжување и краткорочна ликвидност. Ова е класичен пример на социјализирање на кризата – приватните профити се задржуваат, а товарот од финансиските грешки се пренесува на граѓаните преку инфлацијата, зголемување на долг и идни ограничувања.

„Дополнително, проекциите за инфлација од 2,5% и економски раст од 3,9% веќе изгледаат нереални. Народната банка исто така ги намалува своите очекувања, што покажува дека Буџетот е изграден врз неодржливи основи од сам почеток.

Потребно е целосно нова економска стратегија: прогресивно оданочување на високите приходи и капиталот, повисоки плати, стимулирана индустрија и насочени јавни инвестиции. Во спротивно, предвидениот ребаланс нема да го реши проблемот туку ќе ја потврди веќе започнатата економска ерозија."